ВМРО-ДПМНЕ: Зекири е фатен во чист криминал, Ковачевски да се извини што тој и сличните на него од СДСМ ја ограбуваат државата

Мухамед Зекири како генерален секретар на влада склучил договор во висина од 1 милион евра без тендер. Тоа е очевиден криминал, за кој што не требало да се чека ниту ден за биде уапсен.

Зекири го сторил делото уште во април 2021 година. Дали е ова прв и единствен криминал на Зекири, или имало и други кривични дела пред ова, или потоа?

Владата на СДСМ е компромитирана.

Претходно Рашковски користејќи ја истата положба беше фатен во местење на тендер, а по него Зекири директно потпишал договор со фирмата која според него требало да биде извршител на работите.

Криминалното дејствие кое траело повеќе од една година како ова на Зекири не може да е извршено без никој од повисоките структури, како што е премиерот или вицепремиерите да знае. Оттука се поставува прашањето зошто молчеле? И дали можеби и некој од нив земал дел од парите стекнати на криминален начин?

Ова е начинот на кој СДСМ краде пари. Вака крадеше Драги Рашковски, Ден Дончев, сега гледаме и Мухамед Зекири. Вака краде Ковачевски.

 

Ако власта не крадеше милиони, сега ќе имаше пари за повисоки плати за наставниците, но нивните пари ги украдоа Рашковски и Зекири.

12.04.2022 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега