ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е човекот кој не исполни ниту едно ветување, а лагата и криминалот му се заштитен знак

Зоран Заев е човекот кому лагата и криминалот му се заштитен знак, и тој не може да зборува за ветувања, реагираат од ВМРО на соопштение од СДСМ во кое партијата го повикува Мицкоски да си даде оставка.

„Човекот кој се колнеше и лажеше, не може да зборува за ветувања.

Човекот кој буквално ниту едно ветување не исполни, нема кредибилитет да зборува.

Човекот кој со раката на срцето се колнеше во децата и го менуваше Уставот, нема кредибилитет да зборува.

Човекот кој кога зборува лаже. Човекот кој докажа дека може да краде уште повеќе и кој стана главен ортак и потпора на криминалците не може да му се верува.

Зоран Заев е човекот кој сто пати рече и порече. Даваше предизборни ветувања и се што направи беше спротивно од тоа.

Тврдеше дека не познава луѓе кои менаџирале судски одлуки, за подоцна да се испостави спротивното, дека не само што ги познавал, туку и примал совети од нив.

 

Зоран Заев е аболициран политичар, кој неколкукратно ги прекршувал законите. Зоран Заев е човек што ја донесе Македонија до дното.“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега