ВМРО-ДПМНЕ:ЕУ со Заев е се подалечна цел

„ЕУ со Заев е се подалечна цел, се што остана е сликата од авионот, лага до лага.

Зоран Заев 5 години е власт, а 3 години од фамозната фотографија од владиниот авион каде тој, Османи, Димитров и Анѓушев со кренати палци кажаа дека сме добиле датум. Три години датум ниту на повидок.

ЕУ е се подалечна со Заев“-реагираат од опозицицската ВМРО-ДПМНЕ утринава во соопштение до медиумите.

Во него додаваат: „Иако главно ветување на Заев беше дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, тој целосно потфрли, и не само што не сме членка, ниту пак сме ги почнале преговорите, туку и државата е во најлоша состојба до сега.

По индикаторите за корупција и криминал Македонија е на врвот во регионот и Европа. Лошата слика за државата со Заев на чело стана наша лична карта.

Државата не може да оди напред со шверцери на дрога, местачи на тендери, криминалци и секакви бандити какви што има во власта.

Време е за промени, победи и проекти. А, по промените ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави државата на брза трака за влез во ЕУ“.

 
06.10.2021 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега