ВМРО-ДПМНЕ:Македонија меѓу најкорумпираните држави во Европа, во друштво со земји од Африка

-Заради корумпираните СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу најкорумпираните држави во Европа, во друштво со земји од Африка.
Македонија повторно на листата на Транспаренси е во друштво на земји како Сенегал, Виетнам, Танзанија, Етиопија, обвинуваа утрово од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

Од партијата велат дека лошото рангирање е заради големите корупциски афери на власта.

-Нерасчистено остана случајот околу трчањето по провизии од вакцини, ниту пак исчезнувањето на името на Вице од кривична пријава за рекет во РЕК, нема одговорност за ниту еден корупциски скандал или криминал во кој се вмешани луѓе од власта. Ниту изминатава година не се утврди кој прислушкувал во ЈО.

Власта нема намера да се бори против корупција, таа е причинител на истата.
Потребни се коренити реформи и одлучна борба против криминалот, со СДСМ и ДУИ тоа не е можно. Затоа потребни се брзи предвремени избори, и влада која ќе биде насочена реформски и со јасна агенда за борба против корупцијата и криминалот, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.

 
26.01.2022 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега