ВМРО-ДПМНЕ:Народот ќе одбере иднина, ќе ги порази СДСМ - најдобрите во криминал и корупција

„Народот ќе одбере иднина, ќе ги порази СДСМ - најдобрите во криминал и корупција.

Народот сака Македонија да тргне напред. Да има нови инвестиции, да се отвораат нови работни места, да се воспостави систем на владеење на правото, сите да бидат еднакви пред институциите. Народот сака градоначалник кој е еден од нив.

Гарантираме над 14 илјади проекти. Гасификација, нови училишта, градинки, паркови и 2000  нови или реконструкција на стари улици“-велат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, утринава во соопштение за медиумите.

Во него, истакнуваат дека народот не  сака да продолжи агонијата, како што велат, од изминатите четири години.

„4 години имаме само лаги, еден проект не е направен. Заев и неговите кандидати з градоначалници со ароганција се фалат дека се најдобри, а народот добро знае дека тие најдобри може да биде само во криминал, корупција и неработа.

Иднина со СДСМ е иднина на неизвесност, несигурност и немаштија. Народот ќе избере промени. Народот ќе избере промени и проекти за подобра иднина. Да создадеме нова иднина“дополнуваат од опозицијата, во своето соопштение. 

29.09.2021 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега