ВМРО-Народна: Mинималецот да се зголеми на 16.000 денари, a по шест месеци да се договори ново покачување

Од ВМРО-Народна партија велат дека со внимание ја следат дискусијата помеѓу Сојузот на синдикатите, Владата и организацијата на работодавачи и во таа насока сметаат дека не е добро дополнитено да се заоструваат односите туку да се побара компромисно решение.

„Ценејќи ги тешките социјални услови зголемени со стапката на инфлација и порастот на цените, а од друга страна и не толку сјајната состојба на македонската економија ВМРО-Народна партија го дава следниот предлог. Минималецот да се зголеми на 16.000 денари, веднаш, а во исто време да се договори ново покачување на 18.000 денари после шест месеци“, се истакнува во писмената информација од оваа партија.

Изразуваат надеж дека нивниот предлог ќе биде внимателно анализиран.

06.02.2022 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега