ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица

ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативта на ВМРО-ДПМНЕ со која предлага промена на моменталниот изборен модел во „една изборна единица“.

Но, во исто време ВМРО-Народна партија смета дека предлогот за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90 не е прифатлив затоа што ваквото намалување ќе доведе до уште поголемо монополизирање на македонскиот парламент во интерес на големите политички партии.

Оваа промена ќе значи уште поголема елиминација на помалите политички партии независно дали се основани врз база на идеолошка или етничка основа што во суштина ќе значи и удар врз мултикултурниот живот во државата.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

30.01.2022 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега