ВМРО-Народна партија против лажните вести за секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

„ВМРО-Народна партија јасно и недвосмислено се залага и бори против ширење на лажни вести.

Во тој контекст, а во однос на одлуката на основното јавно обвинителство од Охрид дека нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид не е извршен поради претходни нерасчистени криминални побуди туку се квалификува како нанесување на тешки телсни повреди од омраза, бараме сите јавни чинители но и индивидуите кои сакаат да бидат општествено активни а притоа учествуваа во преиначувањето на делото како напад со криминална позадина до степен на создавање перцепција дека и добро е што бил истепан, да имаат доблест и се извинат на македонската јавност што лиферувале непроверени и лажни информации.

ВМРО-народна партија смета дека на овој начин ќе се покаже барем малку достоинство и заложба на широката јавност да во иднина не подлегнува на лажни информации а со тоа и подгрева национална омраза."- стои во соопштението на ВМРО Народна партија.

09.02.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега