ВМРО-Народна партија за денешната собраниска одлука: На чекор сме од исполнувањето на вековниот сон - целосна интеграција на Макеоднија во ЕУ

 

ВМРО-Народна партија во соопштение испратено до медиумите потенцира дека ја поздравува денешната собраниска одлука, изласувањето на францускиот предлот.

„ВМРО-Народна партија ја поздравува денешната одлука на македонското Собрание и можеме слободно да кажеме дека сме на чекор од исполнување на вековниот сон, а тоа е целосна интеграција на Македонија во ЕУ“, потенцираат од партијата.

-Денешната одлука е параф на нашата заложба за европската иднина на Северна Македонија која низ години, децении, векови мораше да минува низ трнлив пат во кој беше вложен огромен труд, дадена огромна жртва но со исполнувањето на нашите демократски вредности, реформите но и чувањето на цврстиот македонски идентитет денеска сигурно и достоинствено зачекоруваме кон интегративниот процес во Европското семејство - ЕУ, додаваат од партијата.

16.07.2022 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега