ВМРО-НП: Треба да се задржи летното сметање на времето
ВМРО-Народна партија испрати реакција за промената од летно во зимско сметање на времето и смета дека треба да се задржи летното сметање, а не како што беше досега праксата со смена на зимско сметање на времето.
„Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека воопшто промената на летното и зимското сметање на времето е со цел на добивање на еден час повеќе дневна светлина што значи и поголема заштеда на енергијата. Северна Македонија од тој еден час повеќе дневна светлина досега доброволно се откажуваше и покрај тоа што географската позиција ни овозможува без проблем да го имаме тој час повеќе дневна светлина. Но со оглед на актуелната енергетска криза која владее во Европа и во Северна Македонија сметаме дека овој пат тој луксуз не треба да си го дозволуваме“, велат од партијата.
Значи останувањето на летното сметање на времето за македонските граѓани значи еден час повеќе дневна светлина и еден час заштеда на енергетски трошоци што е исклучитечно важно во овој временски период, се вели во нивното соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа