ВМРО: СДСМ се нервозни, проектите може да се реализираат, наместо да се краде како во нивно време

„СДСМ е нервозна затоа што народот може да направи споредба како се работи сега, а како 4 години нивните градоначалници се занимавале со криминал и корупција, наместо со решавање на проблемите на граѓаните“, реагираат преку писмено соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
 
„СДСМ и нивните градоначалници имаа 4 години време да реализираат проекти, да решаваат проблеми и да подобруваат инфраструктура, но за жал поради нивната неспосбност и неодговорност ништо не направија. Затоа граѓаните ги казнија на изборите. Сега градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат и докажат дека промените кон подобро може да се направат со сериозна динамика“, додаваат во соопштението.
 
Од партијата велат дека Мицкоски ќе продолжел да биде поддржувач на добрите проекти на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што истакнаа, тие биле дел од нивните програми.
21.11.2021 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега