ВМРО:Кога Заев ќе каже дека идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, знајте дека токму тоа е предмет на преговори

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, испрати реакција до медиумите, во врска со прес-конференцијата на претседателот на Владата, Зоран Заев, во која го бараат одговорот на прашањето, каде е датумот за преговори. 

„Кога Заев ќе каже дека идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, знајте дека токму тоа е предмет на преговори.

А, кога сме кај целите кои треба да ги има Република Македонија главното прашање кое секој си го поставува господине Заев е каде е датумот за преговори кој го ветувавте?“- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

28.09.2021 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега