Внимавајте: Маж од Бугарија лажел повозрасни лица во Македонија и им земал 50.000 евра

Полициски службеници денеска го 09.00 часот го уапсиле Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија бидејќи сторил повеќе кривични дела „измама“.

„Имено, во периодот од 18.09 до 01.10. на подрачјето на СВР Скопје биле пријавени осум измами, при што од оштетените- повозрасни лица, тој успеал да одземе околу 40.000 евра и злато во вредност од околу 10.000 евра. Измамникот успевал оштетените да ги доведе во заблуда телефонски јавувајќи им се и кажувајќи им дека член на нивното потесно семејство наводно предизвикал сообраќајна несреќа, при што има загинато дете, и доколку сака да го спаси од одење во затвор, барал од оштетените поголема сума на пари“, информира полицијата.

При извршениот претрес кај Н.П.С. се пронајдени 10.400 евра,картици за телефон,телефон и други предмети поврзани со кривичните дела, соопштија од полицијата.

По документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

02.10.2022 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега