Внимавајте што пишувате на Фејсбук - Скопјанка ќе одговара пред полицијата

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МВР ја информира јавноста и дека од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи.

Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, велат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега