Во четири општини во Струмица и Радовиш ќе има втор круг за избор на градоначалник

Во четири од шест општини во Струмичко и Радовишко ќе има втор круг за избор на градоначалник. Во Струмица и Босилово во првиот круг победија кандидатите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Костадин Костадинов и Ристо Манчев.

Во Радовиш трката за градоначалник ја продолжуваат Коле Чаракчиев од СДСМ и Ацо Ристов од ВМРО ДПМНЕ, во Конче Благој Илиев од владеачката партија и Златко Ристов од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, во Ново Село Ѓорге Божинов од ВМРО – ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ и во Василево во трката за градоначалник остануваат актуелниот Марјан Јанев и Славе Андонов од ВМРО – ДПМНЕ.

Во Ново Село и Василево иако имаше двајца кандидати за градоначалник, сепак немаше избор во првиот круг заради големиот број неважечки гласачки ливчиња и затоа ниту еден канидатот не го собра потребниот број гласови. 

18.10.2021 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега