Во Данска уапсени 135 лица поради парични измами на повозрасни луѓе

Во голема акција на данската полиција уапсени се 135 лица осомничени за перење пари, кои со измама биле земени од повозрасни лица.

Уапсените контактирале со повозрасни луѓе и ги убедувале да префрлат пари од нивните банкарски сметки или да дадат лични информации поврзани со нивните сметки.

Шефот на специјалната полициска единица за борба против криминалот Торбен Сварнер изјави дека уапсените не се организатори на измамата.

Данските власти подготвиле обвиненија за перење пари против 212 лица, но полицијата сè уште не успеала да ги пронајде сите обвинети, посочи Сварнер.

Полициската операција била планирана од есента, а во неа учествуваа повеќе од 600 полицајци.

05.01.2023 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега