Во домот му фатиле многу дрога - притвор за дилер од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во село Сарај, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 40.19 грама и семки од канабис во вкупна нето маса од 2.63 грама. При претресот во домот на осомничениот, на 4 ти декември, дрогата била пронајдена и одземена, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега