Во две различни акции, МВР пронајде вкупно 22 мигранти во Неготино и Ново Село

Вчера околу 20,30 часот кај наплатна рампа Градско, од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Форд Галакси“  во кое имало мигранти, по што пред Неготино, возачот го напуштил возилото во кое се пронајдени 13 мигранти од Сирија. 

Во друга акција, истиот ден во 00,15 часот во атар на село Ново Село, струмичко, пронајдени се девет мигранти од Пакистан кои биле симнати од патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки.

По преземени мерки во 00,30 часот во Радовиш во врска со овој случај сопрено е возилото, управувано од М.В.(21) од Велес. Против лицето е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега