Во ЕУ досега се вакцинирани 55 отсто од возрасните

Во Европската унија досега 200 милиони луѓе или скоро 55% од возрасната популација се вакцинирани против коронавирус, изјави портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, на брифинг во Брисел.

„До денес, 200 милиони луѓе во Европската унија се целосно вакцинирани или 54,7% од возрасната популација. 68,4% од возрасната популација на Унијата примиле барем една доза од вакцината“, рече таа.

Според неа ова се добри показатели, но за борбата против ширењето на вирусот, додаде, е многу важно вакцинациите да се вршат рамномерно низ цела Унија.

Претходно беше забележано дека Романија, Бугарија и Хрватска покажуваат пониско ниво на вакцинација отколку другите членки на Европската унија.

Макфакс

23.07.2021 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега