Во Франција се вакцинирани над 50 милиони луѓе

Во Франција скоро 70 проценти од целокупното население е вакцинирано против коронавирусот. Ова претставува над 50 милиони вакцинирани луѓе.

Овој успех во вакцинацијата се припишува на воведувањето здравствен сертификат.

Во Франција, без здравствен сертификат, луѓето се осудени на недостиг на социјален живот. Ова значи дека или треба да се вакцинираат или да имаат постојани тестови за да посетуваат различни јавни места.

21.09.2021 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа