Во Гевгелија регистриран еден новозаболен од коронавирус

 

Близок роднина на заболеното лице од Ковид-19 кое минатата недела, поточно на 26 јули, беше регистрирано во градот, е новото инфицирано лице кое беше регистрирано во Гевгелија во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.

Според епидемиологот д-р Сашко Олумчев,со најновиот случај, досега од почетокот на пандемијата во ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија се дијагностицирани вкупно 23 случаи со Ковид-19. Од нив активни се 12 од кои двајца се жители на општина Гевгелија, седум се жители на општина Дојран и тројца се од општина Богданци.

Олумчев посочи дека досега сите случаи на заразени од Гевгелија и регионот биле со лесна симптоматска слика и вирусот го победиле со лекување во домашни услови со помош на инструкции од матичен лекар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега