Во Грција не се влегува со тест за антитела и покрај најавите на Заев

И покрај најавите на премиерот Заев, Министерството за надворешни работи и за здравство, со тест за присуство на антитела не се влегува во Грција. Повеќе наши читатели кои вчера и денеска се обиделе да влезат во Грција со серолошки тест за антитела биле вратени. Можат да влезат само оние кои имаат ПЦР тест или се комплетно вакцинирани.

Кога сме кај ПЦР тестот, можете да влезете и со позитивен и со негативен ПЦР тест. Со негативниот (не постар од 72 часа) докажувате дека не сте позитивни, додека со позтивниот докажувате дека сте ја прележале болеста. Со позитивен ПЦР тест можете да влезете само ако сте дијагностицирани не повеќе 9 месеци пред да се појавите на граница но и не помалку од 2 месеци. Значи утре ќе можат да влезат само оние кои добиле позитивен тест пред 16 август. Сите кои биле позитивни пред тоа ќе мора да прават нов ПЦР тест кој треба да биде негативен.
Сите кои имаат позитивен ПЦР тест само на македонски јазик треба да се јават во лабораториите да им издадат преведен на англиски.
Со вакцините е прилично јасно. Треба да бидат примени две дози од било која вакцина но и да поминат 14 дена од последната доза.
Останатото што е потребно е да се пополни формуларот кој се наоѓа на веб сајтот на грчката влада travel.gov.gr
Од сите овие обврски се ослободени само децата под 5 години

Овие мерки ќе бидат на сила до 24 мај. Што ќе се случува потоа се уште не се знае. Има некои неофицијални најави дека е можно Грција дополнително да ги релаксира мерките што би значело да се пуштаат без тестови деца до 10 години но и можност да се признае серолошкиот тест за антитела кој го најавуваше Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2021 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега