Во Грција се исплаќало пензии на починати граѓани

2260 државни пензии биле исплатени на починати граѓани, покажал пописот кој што го спроведе грчкото Министерство за финансии. Ова предизвикало штета на буџетото од 35 милиони евра. Ваквата податоци беа презентирани од заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас, пензиите биле исплаќани повеќе од шест месеци по денот откако корисниците починале, но сега нивните имиња се избришани од регистрите.

Досега се вратени 21 милион од 35-те милиони евра, а властите продолжуваат со напорите за враќање на преостанатите 14 милиони евра.

најчитано сега