Во Хрватска падна првиот снег- Загреб завеан а сообраќајот отежнат (ВИДЕО)

Поради снегот што падна во голем дел од Хрватска, настана хаос во сообраќајот на патиштата низ целата земја.

Првиот снег падна и во главниот град Загреб.

Зимското одржување на патиштата е во тек, така што има долги колони зад возилата за зимски служба кои се движат побавно.

Од Хрватски автопатишта (ХАЦ) испратија предупредување до возачите да го прилагодат возењето на сложените услови на патиштата, а особено препорачуваат да не ги претекнуваат машините за чистење снег пред кои секогаш патот е неисчистен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега