Во Италија заразени 11.2252 здравствени работници, починале 80 лекари

Во последните 24 часа во Италија починаа уште двајца лекари, со што вкупниот број лекари жртви на Ковид–19 се зголеми на осумдесет.

Според најновите податоци на Високиот институт за здравство (ИШ), заразени се вкупно 11.2252 здравствени работници.

Најмладиот починат доктор имал 46 години, а најстариот 90 години. Меѓу жртвите имало многу кои одговорија на повикот на цивилната заштита и, иако беа во пензија, се вратија на служба. Пријавени се и случаи на самоубиства меѓу медицински сестри кои не можеле да го издржат психолошкиот притисок.

Една од главните причини за смртта на лекарите е што тие не беа доволно заштитени во раните фази на епидемијата и честопати беа принудени да интервенираат дури и со голи раце.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега