Во изминатото деноноќие 30 пациенти починаа од коронавирус во Македонија - најмладите на возраст од 38 и 39 години

Министерството за здравство информираше дека вчера биле регистрираи 1160 новозаразени со Ковид 19 во Македонија, а 1094 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914. 

Во изминатото деноноќие 30 лиа ја загубија битката со коронавирусот, од кои најмладите се на 38-39години.

Станува збор за  девет пациенти од Скопје на 46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61години, двајца од Куманово на 62 и 69 години, еден пациент од Штип 72 години, еден од Велес 78 години, шест пациенти од Битола на 60, 77, 38, 66, 72 и 39 години, тројца од Гостивар на 56, 66 и 63 години, еден пациент од Гевгелија 65 години, еден од  Струмица 77 години, еден од Кочани 65 години, двајца од Делчево на 66 и 68 години, еден од Кратово на 65 години, еден од Кичево 61 година и еден пациент од Неготино на 84-годишна возраст. Пациентите се починати во болнички услови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега