Во Јужна Кореја 91 излечени пациенти повторно се позитивни на Ковид-19

Во Јужна Кореја 91 пациент кои веќе се излечени од коронавирусот повторно се позитивни, а експертите се обидуваат да утврдат како дошло до тоа.

Директорката на тамошниот Центар за контрола и превенција на болести изјави дека поголема веројатност е вирусот да е „реактивиран“ отколку пациентите повторно да се заразиле.

Сепак, останува нејасно што го предизвикува овој тренд, а епимидеолошките испитувања се во тек.

Можноста луѓето повторно да бидат реинфицирани од вирусот е причина за меѓународна загриженост зашто многу земји се надеваат оти заразената популација ќе развие доволно имунитет да спречи иживување на пандемијата, пренесува Ројтерс.

Од коронавирусот во Јужна Кореја се оправиле речиси 7.000 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега