Во оваа држава луѓето не слушнале за коронавирусот- осум градови живеат во неверојатанта изолација

Стотици илјади луѓе заробени на крајниот запад од Мјанмар, во близина на жестоки борби, не знаат ништо за коронавирусот поради едногодишно исклучување на Интернет во овој дел од земјата, според групите за човекови права.

Минатиот јуни, владата на Мјанмар, предводена од државниот советник Аунг Сан Су Ки, го блокираше пристапот до Интернет во девет градови, поради загриженост дека мрежата се користела за да се направат судири меѓу војската и бунтовниците.

Во еден од тие градови Интернетот беше вратен во мај годинава, но осум други градови, со вкупно население од околу 800.000 луѓе, сè уште се без Интернет, а со тоа и без информации.

Организациите "Human Rights Watch" и "Amnesty International" велат дека долгорочната забрана за пристап до Интернет го става во опасност животот на луѓето, не само затоа што ги спречува да известуваат за можни кршења на човековите права, туку затоа што ги оддалечува од важни глобални случувања како што е пандемијата на коронавирус.

„Со вооружениот конфликт меѓу армијата во Мјанмар и армијата Аракан во државата Ракин среде пандемија, важно е цивилите да ги добијат потребните информации за коронавирусот за да останат безбедни“, рече Линда Лакдир, правен советник на "Human Rights Watch"  за Си-Ен-Ен.

Мјанмар досега забележа шест смртни случаи и 292 позитивни случаи на коронавирус, додека повеќе од 64.532 лица се тестирани, покажуваат податоците на тамошното Министерство за здравство.

Неколку случаи се регистрирани во градовите Маунгдау и Бутидаунг во Ракине, каде повеќе од 100.000 муслимани Рохингја живеат во преполни логори. Многумина избегаа од „операциите за расчистување“ што армијата ги започна против нив во 2018 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега