Во повтореното гласање Собранието го донесе Законот за ЈО

Во повтореното гласање за предлог Законот за Јавното обвинителство владејачкото мнозинство успеа да го собере потребното двотретинско мнозинство.

Со 80 гласови „за“ и „6“ против Собранието го изгласа Законот за ЈО, кој подолг период беше камен на сопнување меѓу власта и опозицијата.

По констатирањето дека Законот е донесен, собранискиот спикер, Џафери даде пауза од еден час.

 Во претходниот обид, „за“ гласаа 74 пратеници, но претседателот Џафери го поништи тоа гласање бидејќи како што рече, не видел оти пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори. Се бунеа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, но Џафери го поништи и ѝ дозволи процедурално на Поповска да се обрати, веднаш по неа говореше и пратеникот Ферид Мухиќ.

По изгласувањето на законот, на говорницата излезе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и почна да вика „криминалци, криминалци“. Рече дека требало да биде прифатено првото гласање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега