Во преговарачката рамка што денеска ја усвои ЕУ јазикот одреден како македонски

Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во Европската Унија, пишува, како што дознава„360 степени“, во Предлог-преговарачката рамка за земјава што денеска ја усвои Европската комисија.

Како што е наведено во текстот од „360 степени“  дознаваат дека во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

-Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина, наведуваат од „360 степени“.

Пасусот, како што стои во објавенот текст, во кој се наведува дека заедничкото европско право треба да се преведе на јазикот на идната земја членка е стандарден елемент во преговарачките рамки за сите држави кандидатки што во моментов преговараат или веќе станале дел од ЕУ.

Прашањето за македонскиот јазик беше формално затворено со Договорот од Преспа, како клучна идентитетска одредница за етничките Македонци од Северна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа