Во Шпанија 50 жени избодени со игли во ноќни клубови

 

Полицијата во Шпанија истражува околу 50 пријавени случаи на жени кои биле прободени со медицински игли додека биле во ноќни клубови или на забави, тренд што претходно беше забележан во други европски земји.

Досега не се потврдени случаи на сексуален напад или грабеж поврзани со мистериозните прободувања, пренесува АП.

Полицијата соопшти дека открила докази за дрога кај една жртва, 13-годишно девојче во градот Хихон, кое ималo екстази во нејзиниот организам. Локалните медиуми објавија дека девојчето брзо било пренесено во болница од нејзините родители, кои биле во нејзина близина кога почувствувала „убод со нешто остро“.

Полицијата соопшти дека околу половина од неодамна пријавените напади со игли се случиле во североисточната шпанска провинција Каталонија. Серијата прободувања на музички настани ги збуни властите во Франција, Велика Британија, Белгија и Холандија.

Француската полиција собра повеќе од 400 извештаи во последните месеци и соопшти дека мотивот за нападите е нејасен, а во многу случаи не е јасно и дали на жртвите им била вбризгана супстанца.

Шпанската министерка за правда Пилар Лоп ги повика сите кои мислат дека се избодени без согласност да одат во полиција бидејќи иглата е „сериозен чин на насилство врз жените“.

03.08.2022 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега