Во Словенија најголем број заразени со ковид-19 во еден ден по речиси 10 месеци

Во Словенија вчера биле регистрирани 2270 нови случаи на ковид-19, што е најголем број заразени во претходните речиси 10 месеци, додека осум лица починале во истиот ден. Од вкупниот број на тестирани, 30,2 отсто биле позитивни, според официјалните податоци, јави СТА. Моментно хоспитализирани 440 лица, а на интензивна нега се 123 пациенти.


Бројот на нови случаи се зголеми во просек за 121 во изминатите седум дена, сега на 1550, а двонеделната инциденца на 100 000 жители сега е 825, додаде Националниот институт за јавно здравје. Институтот проценува дека во моментов во Словенија има 17 436 активни случаи во државата.

23.10.2021 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега