Во Словенија позитивни три четвртини од тестовите

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 8396 заразени со коронавирус, со дури три четвритини позитивни тестови.

Поради брзото ширење на омикрон варијантата на вирусот од денес изолацијата на заразени во поголем број од случаите се скратува, па после седум дена изолацијата завршува доколку се направи негативен тест.

Бројот на новозаразени е помал отколку ден претходно, кога се потврдени 13.911 зарази, но е 60 отсто поголем во однос на состојбата пред седум дена. Повторно има исклучително голем процент на позитивни тестови, кој изнесува дури три четвртини од вкупните тестови.

 

24.01.2022 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега