Во снимката која Димишкова ја слушнала за „Рекет" не се спомнувало нејзиното име

Судијката на претходна постапка Весна Димишкова, која во средата беше повикана во Обвинителството за организиран криминал од шефицата Вилма Русковска на распит, наводно нема да биде дел од истрагата.

САКАМДАКАЖАМ.МК пишува дека  во таа снимка што ѝ била дадена внимателно да ја слуша во Обвинителството, никаде не се спомнало нејзиното име., а ја немало ни Лиле Стефанова.

- „Во снимените телефонски разговори за кои прашувате, колку што знам, нема елементи што ги инкриминираат судијката и нејзиниот брат, адвокатот Васил Димишков“, вели висок извор од Обвинителството, јавува СДК.МК.

Според најновите сознанија во истрагата, токму Камчев се обидувал да го најми братот на судијката за бранител за Весна Димишкова да се изземе од овој предмет поради конфликт на интереси. Притоа наводно ја снимил комуникацијата со него што сега ја поднел во листата докази против тие што ги пријавил дека му барале пари за да му ја олеснат истрагата.

За потсетување, Весна Димишкова е судијката која за време на ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја потпиша наредбата на Катица Јанева да влезе во УБК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега