„Во Собранието да се расправа и за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува употребата на албанскиот јазик“, бараат Гаши, Касами и Меџити
На денешната прес-конференција, Африм Гаши изјави дека неговата и партиите на Билал Касами и Изет Меџити бараат утре на седницата во Парламентот за уставни измени со цел внесување на бугарската заедница, да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува, како што кажа, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата.
„Денес сме тука за да испратиме наши нарачки до Џафери и пратениците. Бараме од претседателот на Собранието итно да го стави на дневен ред уставниот амандман за јазикот. Бараме од него да не бега од прашањето за рамноправност на албанскиот јазик и да не бега од прашањето за кривична одговорност на државните функционери. Нашето барање делата на корумпираните функционери да не застаруваат, а на тој начин ќе се избегнат и манипулациите со обвинителствата и судовите“, изјави Гаши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа