Во сообраќајка во близина на „Хилтон“ повредени три лица- МВР со детали

 

Три лица биле повредени, од кои едно посериозно, откако се случила сообраќајка во Скопје во близина на хотел „Хилтон“.

На 08.01.2021 околу 10,25 часот во Скопје на крстосницата од бул.„АСНОМ“ и сервисна улица кон хотел во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило„фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(34) од Скопје, и патничко моторно возило„сузуки балено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(47) од с.Петровец,скопско.

По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник Љ.П.(60) од Скопје во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2021 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега