Во споредба од претходните години, температурите во Сибир во јуни се зголемени за 10 степени

Температурите на воздухот во поголемиот дел од Сибир  во јуни се зголемени за 10 Целзиусови степени во споредба со минатите години, соопшти Мрежата за набљудување на климата на Европска Унија.

 

Тоа е најтопол јуни до сега во Сибир, каде почвата е под мраз.

На 21 јуни во близина на Верхојанск, североисточна Русија измерени се рекордни 37 степени.

Високи температури во Сибир се регистрирани уште од јануари и во комбинација со малата влажност предизвикаа шумски пожари. И бројот и интензитетот на пожари во Сибир  и во делови од Алкаска во јуни се над просекот, што доведе од највисоки емисии на јаглерод диоксид – 59 милиони тони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега