Во Србија денеска има 400 новозаразени

Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ вечерва се осврна на епидемиолошката состојба во земјата при што сподели застрашувачка вест со јавноста.

 

– Ситуацијата ја следима на секои два часа. Само вечерва до 20 часот имавме 400 новозаболени со ковид-19. Горан Стевановиќ рече дека немаат поголема гужва, но и дека има многу луѓе со потешки симптоми, изјави Брнабиќ во емисијата „Прашалник“ на РТС.

Запрашана дали некој друг, наместо Златибор Лончар, би можел да биде нов министер за здравство, Брнабиќ повтори дека не сака да разговара за имиња.

– Министерот Лончар навистина даде сè најдобро од себе, не паничеше, не се повлече пред притисокот, во секој момент беше на терен, разговараше со луѓето од првата линија на фронтот и им даваше поддршка, додаде Брнабиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа