Во Србија голем пораст на новозаразени, 276 нови случаи во еден ден
Бројот на пациенти заразени со коронавирус и натаму расте во Србија. Како што пренесува „Блиц“, во изминативе 24 часа регистрирани се 276 новозаразени од Ковид-19.
Во изминатото деноноќие како последица на вирусот починале три лица.
Направени биле 8.377 тестови, а на респиратор во моментов се 42 пациенти.
Според информациите од српските медиуми, ситуацијата е лоша во Нови Пазар, Тутин, Сјеница, но највеќе од заразените се од Белград.
Од денес во Белград е задолжително да се носат маски во јавниот превоз и на сите затворени места, а воведени се построги мерки и во Крагуевац, каде се забранети церемонии, спортски настани, работа на базени и фитнес-центри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа