Во страшна несреќа во Србија загина воспитувачка - во возилото со неа имало и деца

Во стравична сообраќајна несреќа која се случила денеска попладнево кај селото Адровац загинала воспитувачка, 52-годишната Снежана Милиќ, а повредени се две деца од Основното училиште за образование на деца со пречки во развојот „Христина Маркишиќ“ во Алексинац.

Како што рекла директорката на училиштето Јасна Николиќ, едно момче е отпуштено од болницата во Алексинац, додека повредено девојче е однесено во Ниш, бидејќи си го повредило колкот и раката. Возачот во оваа образовна институција е превезен на Неврохирургија, во Клиничкиот центар во Ниш.

Во оваа сообраќајна несреќа, две деца, возач и починатата Снежана биле во комбе, кое ги враќало децата од училиште дома. Врнело дожд, патот бил лизгав и одеднаш нивното комбе налетало на камион чиј возач останал неповреден. Сенжана е мајка на две деца, а од едната има и внуци.

Последните зборови кои му ги кажала на сопругот додека се возела во комбето и одела дома е дека врне дожд и дека патот е лизгав.

-Снежана беше прекрасна и една од најомилените негувателки. Нашето училиште функционираше така што децата од град ги донесуваат родителите, а Снежана беше задолжена да ги земе и врати децата кои се од руралните подрачја на Алексинац. Таа ги враќаше децата кои биле на дневен престој. Страшно е што се случи оваа трагедија за сите нас, и за колективот и за семејството. Нашиот возач пред извесно време возеше за Грција, искусен е во професијата, но несреќата не бира - раскажала директорката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега