Во терористичкиот напад загина руски хокеар: Беше весела личност и вистински професионалец

Русија ја потресе голема трагедија поради терористички напад, во кој загина и еден спортист.

Нападите во концертната сала „Крокус“ ​​во петокот вечерта однесоа најмалку 137 животи, а повредени се повеќе од 150 луѓе, што го прави најсмртоносниот настан во Русија во последните две децении.

Меѓу жртвите е и познатиот хокеар Алексеј Рудницки (39), кој, според извори од Министерството за финансии на руската област Јарослав, каде што некогаш работел, е опишан како „весела личност“ и „вистински професионалец“.

Тие изразија голема тага за неговата загуба.

25.03.2024 - 21:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега