Во товарно возило на патот Радовиш -Штип пронајдени 94 мигранти- возачот и сопатникот во бегство

Полицијата дала знак за запирањње на товарно возило на патот Радовиш -Штип, по што возачот го запрел возилото и заедно со сопатникот се дале во бесгство, а во возилото биле пронајдени 94 мигранти.

„На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице. Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец .

 

По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот , при што било утврдено дека во товарниот  простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан)“ соопштуваат од полиција.

Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага . 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа