Во војната во Газа убиени се повеќе деца, отколку за четири години во конфликтите ширум светот

Шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини денеска на платформата Икс објави дека поголем број деца загинале во војната во Појасот Газа во споредба со бројот на детски жртви во конфликтите ширум светот во изминатите четири години.

Запрепастувачки. Бројот на пријавени деца убиени за нешто повеќе од четири месеци во Газа е поголем од вкупниот број на деца убиени во четиригодишните војни ширум светот, истакна Лазарини.

Тој на Икс објави и табела со бројот на загинати деца во Појасот Газа и ширум светот, повикувајќи се на податоци на Обединети нации и Министерството за здравство во Газа.

12.03.2024 - 21:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега