(Во живо) Бубевски: Има признанија на делата
„ОЈО ги испита тројцата осомничени. Во просториите на ОЈО имаме сознание за целиот нивен ангажман“, изјави Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски.
„Можеше да се дефинира дека истите го извршиле убиството и за првото и за второто кривично дело. Против три лица е побарана и определена мерка притвор од 48 часа затоа што сеуште во тек се обработка на податоците кои се од материјална природа. Постапката сеуште е во предистрага. Има признанија на делата. Ќе се побара најтешка можна мерка за обвинетите. Повторно ќе се прибира доказен материјал, како и меѓународна потерница за лицето кое е надвор од државата, па во тој контекст ќе има повеќе информации. Мотивот е користољубие, но потоа е чисто убиство“, рече Бубевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа