Во живо: Гори Нотар Дам, огнот голта се пред себе- целосно се урна покривот на катедралата

Целосно се урна покривот на познатата катедрала Нотр Дам во Париз откако попладнево голем пожар ја зафати катедралата.

Претходно се урна и кулата од пожарот, кој избил на таванот во 18.50 часот.

Засега не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека е поврзано со реновирањето на катедралата.

Катедралата Нотр Дам е една од најпознатите во светот, а годишно ја посетуваат околу милион луѓе. Нејзиното реновирање стартувало кога почнале да се појавуваат пукнатини во градбата и се стравувало дека структурата може да стане нестабилна и опасна за луѓето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега