ВО ЖИВО: Почна конгресот на СДСМ

СДСМ денеска на онлајн конгрес ќе избере заменик-претседател на партијата, на чија функција сега е министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и членови на Централниот одбор и на Надзорниот одбор.

Вчера, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не сакаше да говори за тоа кој би се нашол во новото раководство. Партијата, рече тој, е отворена за нови луѓе, а во новиот конгрес влегуваме со нови политики.

Тој најави дека денешниот ден партијата ќе го почне со Извршен и Централен одбор, каде што ќе се оформуваат предлозите и, како што посочи, веројатно ништо нема да се знае се до 10 – 11 часот кога ќе почнат првите состаноци.

-Не би можел ништо да кажам заради тоа што нема оформено предлози, односно секој може да има свои идеи во главата, почнувајќи од мене како прв меѓу еднаквите во СДСМ, и овластен предлагач согласно статусот на Социјалдемократскиот сојуз, но сето тоа е безвредно ако органите и телата како овластени предлагачи не го предложат пред самиот Конгрес, додаде премиерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега