ВО ЖИВО Свечен пречек на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Софија

Церемонија на пречек со највисоки државни почести на владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на плоштадот „Александар Невски“ во Софија.

Во состав на владината делегација предводена од Ковачевски, се и првиот заменик премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерите за економски прашања и координација на економските ресорси и за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи и Славица Грковска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за образование и наука Јетон Шаќири, за локална самоуправа Горан Милевски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за транспорт и врски Благој Бочварски, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Во рамки на посетата утре во резиденцијата „Бојана“ ќе се одржи заедничка седница на владите на Бугарија и Северна Македонија, што ќе започне со воведно обраќање на премиерите Кирил Петков и Димитар Ковачевски, а предвидено е да бидат потпишани и неколку билатерални документи.

24.01.2022 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега