Водата носела сѐ пред себе: Италијанскиот регион погоден од невреме со силен ветар и обилни врнежи

Невремето со обилни дождови и силен ветар погодил делови од Ломбардија, на северот на Италија, во подрачјето познато како езеро Комо, јавува агенцијата "Ansa".

Неколку стотини повици за помош до цивилна заштита и пожарникарите упатиле жителите кои се нашле во опасност.

Поради обилните дождови, при нормални временски услови малите потоци, се претвориле во водна стихија.

Водата носела кал, камења, автомобили, дрвја откорнати од корен...

Урнати биле и два моста, а дел од локалните патишта се затворени поради одрони и рушење на заштитни ѕидови.

Дел од населението е евакуирано, а градоначалниците на малите туристички места на брегот на езерото ги предупредуваат граѓаните да не излегуваат од куќата, освен ако е неопходно.

28.07.2021 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега