Водителка од Тајван се јавува во живо среде земјотресот, сите ја фалат реакцијата (ВИДЕО)

На интернет стана вирално видео од ТВ водителката на SET News, што се емитуваше во живо во моментот на земјотресот во Тајван.

Сѐ околу неа се тресеше и се нишаше, но таа професионално си ја заврши работата. Таа не ни мрдна од своето место, а најавата за придонесот ја заврши со сосема смирен тон. Потоа кимна со главата кон колегите, со што покажа дека е подготвена да продолжи да работи. Многу гледачи ѝ кажаа на водителката дека ѝ се восхитуваат.

За потсетување, Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот што го погодил островот во последните 25 години. Тајванската влада соопшти дека девет лица загинале, 934 се повредени и 127 се заробени под урнатините. Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен, соопшти Американскиот геолошки институт.

 

03.04.2024 - 23:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега