Воениот авион на српската војска паднал во дворот на Витомир - мештаните опишале како се срушило леталото

В.Т. од селото Брасина, човек во чиј двор се срушил авионот МИГ 21 на Војската на Србија утрово во околу 9 часот, како што дознава Курир.рс, бил во дворот токму во моментот кога авионот паднал и се здобил со повреди.

Како што неофицијално Курир.рс дознава, тој бил превезен во болница во свесна состојба и бил во шок.

-Витомир бил во својот двор кога авионот се срушил! Тој тогаш се здобил со изгореници и соседот кој слушнал бука и видел густ чад излегол и го нашол. Веднаш го пренесол во локалната болница и тој е сега згрижен, не се знае дали е животно загрозен - вели еден очевидец на оваа катастрофа.

Според она што го кажале мештаните, ваква трагедија не паметат.

-Видовме густ чад, сите изговме пред куќите и не можевме да веруваме во тоа што го гледавме. Падна авион, уште не знаеме дали има преживеани, наводно пилотот загинал, а другиот пилот скокнал од авионот и се трага по него - рекле мештаните за српските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа